Можеби не си сакал да се изложиш на нив, но многу избор немаше.
„Сѐ уште се сеќавам на страшната, вртоглава возбуда од моите први харања по геј-пабовите и по геј-клубовите“, пишува Џун Томас во извонредниот омаж за улогата на геј-барот во геј-историјата и за геј-заедницата, „на трепетот од пронаоѓањето други лезбејки и геј-мажи во сета таа нивна прекрасна, тмурна, сјајна, лигава разновидност“.442 И како тоа да не беше доста, новата јавна геј-култура практично гарантираше дека луѓето што се селеа во некоја геј-енклава ќе запознаат многу старовремци кои знаеја поискусно да бидат геј и кои во таа работа беа пософистицирани од нив.
А згора, тие ветерани на урбаниот геј-живот честопати имаа фрапантно милитантни, бескомпромисни, антихомофобични, антихетеросексистички и антиглавнотековни политички гледишта.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Откако ќе се запознаеја со тие луѓе, со нивниот поголем пркос, со нивната софистицираност и самоувереност, новодојденците од провинциите честопати наидуваа на сериозни предизвици за своите претпоставки, вредности и претстави околу вистинскиот начин на кој треба да се живее, да се биде геј.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А тоа значи дека беше изложен на многу разновидни идеи за тоа што значи да се биде геј и на многу разновидни стилови на геј-живеење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа им додаваше тежина и авторитет на поеволуираните, на поискусните и на порадикалните припадници на локалната заедница.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Луѓе што веќе со години живееле во геј-гета имале и време и можност да се „ослободат“: да се отпрограмираат, да си ги вратат приглупите, хетеросексуални предрасуди, да достигнат политизирана свест, како и да се возгордеат со сопствениот геј-идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)