— На погрешно место чекаме, вели момчето, тој може да влезе од другата страна.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Само една книга поставена на погрешно место можеше да вознемири, да упати на погрешен правец, да го оневозможи системот и циркулацијата на идеите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Доаѓате сите вие Со црвени пеперуги на усните За исцелување од гревови Со лути змии во табаните Што ве носат на погрешни места.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)