Само една книга поставена на погрешно место можеше да вознемири, да упати на погрешен правец, да го оневозможи системот и циркулацијата на идеите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но за жал патоказите го покажуваа погрешниот правец.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Желба за слава која уништува и не ти дозволува да ја согледаш реалноста. Барање среќа во погрешни правци.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Три дена нестрпливо стариот татко на Назлам-бег, на чардакот од кулата, чекаше од потерата да му го ослободи младиот син или да донесат некаков абер.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Тој, се плашеше авторот, исто така би можел евентуално да го заведе во погрешен правец.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
По расфрлениот фес и појасот, таа тргна да ги бара комитите во погрешен правец.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Потоа сврте десно и замина со тежок чекор, без да забележи веднаш дека оди во погрешен правец.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беа заостанале зад другите само неколку чекори, но свртеа во погрешен правец и набргу се најдоа на самиот раб на еден стар каменолом, од кој некогаш се вадел варовник.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)