Секоја вечер Ќ ја сонуваше Земјата како огромна топка сало која се врти околу својата замислена оска, како да трча на подвижна лента за да ослабе.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Неговата љубена во сонот беше ѕвезда што свети и грее, се разбира, ѕвезда во облик на мала топка сало. (Сонувајќи, Ќ не сфаќаше како таа не се топи од сопствената топлина.) Додека траеше сонот, Ќ го празнеше целиот фрижидер и потоа провалуваше во најблискиот фитнес-клуб за да трча на подвижна лента.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
(...) Секако, Анексија ги обработуваше и оние обвинети за посредување, саботажа и политичка вина, по принципот на подвижна лента.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И, бидејќи ме раздени, отидов кај најдобриот приватен лекар и ги направив сите, ама баш сите испитувања со кратенки од типот на „аег“, „есп“, „екг“, и ми остана „стрес-тест“ на подвижна лента.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Градилиштето не е веќе место на кое изградбата тече механички, како на подвижна лента.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Останатите остануваат овде, како Чаплин на неговата подвижна лента.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)