Бидејќи, во усмената литература не само што авторот е анонимен, туку рапсодите и народните пејачи по своја волја ги организираат и поврзуваат фрагментите во некаква континуирано подвижна целина нефиксирана од запишувањето, почетоците и краевите секогаш се поместуваат, па всушност веќе и не постојат на класичен начин, се извршуваат непрекинати вметнувања и промени: целината е флуидна, недетерминирана, плурална, токму како и хипертекстот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)