Имаше тепање до бесвест, горење со усвитена жица, истоштеност од работа, парче црн леб не потешко од сто грама за цел ден, давење во кофи наполнети со нечистотија, јавен потсмев и понижување, принудно потпишување на однапред подготвени писма што по разни врски им беа врачувани на нивните синови кои преминаа на другата страна, во кои нивните татковци, мајки и жени молеа да се вратат во партизанските редови и ветуваа дека народната власт ќе им ги прости греовите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)