Па, кога ќе мериш за да го одбереш помалото од поголемото помеѓу пушач и пијач, на кантарот помалку тежи зависникот од никотин, а од понудените курвар и коцкар, подобар избор е љубовникот, кој сетики по некој пат ќе донесе некоја нова, научена умешност од понадвор дома, па ќе имаш и ти некој ќар, а не може до крајот на животот да биде тоа, за разлика од другиот, кој ќе испушта душа врз масата за рулет и на сто години или, во подобар случај, ти ќе му ги пополнуваш ливчињата за „спортска“ до крајот... дека помлада.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Помеѓу разведен и вдовец, подобар избор е вториов, зашто тој сѐ уште ја мрази жена му повеќе од сѐ, па секако ти ќе бидеш подобар избор; а овој во црнина, тргнувајќи од тоа дека за покојникот се зборува само најдобро, ги заборавил сите кавги со својата покојна и, идеализирајќи ја, ја кренал на ниво на безгрешна, па ако него го избереш, секогаш ќе те споредуваат со идеален партнер.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)