подобар (прид.) - од (предл.)

Илјада пати подобар од Винстон, тој знаеше каков е навистина светот, во каква деградација живее масата човечки суштества и со какви лаги и варварства Партијата ја одржува таквата ситуација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се договорија да носат маски, заради мистеријата, тој афродизијак подобар од шпанска мува.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Стапот, Господине, чувајте го за луѓето. Та, нели сме ние подобри од нив?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
До сега го немам гребнато. До сега. Како нов е. Беше. Подобар од нов.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Во што твојот возљубен е подобар од другите, па така нѐ заколнуваш?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На едно место (5, 9), Хорот дури ѝ вели на Возљубената: Со што е твојот возљубен подобар од другите возљубени, о, најубава меѓу жените?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Отец Стефан, Писмородец по име, што измисли нова азбука, подобра од сегашната.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Трио труби и тромбони Квартет конги и контрабаси Караван што звучи како звездени кочии Секстет подобар од секс тет-а-тет Септет, седум серафини творат Октет, октобани, плус хора Можат да ми позавидат и кралските двори! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Оваа одредба е значително подобра од одредбата од ЗЗР, бидејќи според одредбите на стариот закон, прво, опфатот беше помал (имено, ги опфаќаше само работниците кои работат на работни места под посебни услови) и, второ, не беше предвиден рок со кој би се пропишувало на кој временски интервал би се вршеле здравствените прегледи (чл. 34, ЗЗР), а со тоа им се оставаше можност на работодавачите да не ги почитуваат овие одредби од законот. 137 Исто така, во новиот закон за прв пат се регулира безбедноста при работа на локација каде работат два или повеќе работодавци.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Подобро да го посрамиме Бошка, да го натераме да види што грешка прави и тој после ќе биде подобар од сите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Седеше тука разочаран, ниту малку подобар од летен чадор против сонце, зелен и отфрлен, напуштен од немарните излетници кои понекогаш бараа засолниште во неговата проѕирна сенка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)