Своите опсервации за она што го видел за време на својот престој го набележал во подолгиот извештај што го доставил до Управата за специјални операции на 12 декември 1944 година, а извештајот во Форин офис пристигнал на 30 декември 1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Она што било набележано во извештајот, по реакцијата на неговите експерти, не оставало сомневање дека на таа територија се случувале настани кои не им оделе во прилог на дотогашните британски планови за повоеното уредување на Балканот, а посебно во полза на Грција, која ја сметале за своја интересна сфера.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)