Мирон Донски продолжи: - Вие сте веќе подолг период во нашиот Архив.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Постоеја, исто така, и подолги периоди на заздравување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Госпоѓа Камилска, сепак, беше смирена и спокојна што нејзиниот сопруг по враќањето од Голи Оток беше конечно смирен во еден подолг период во мирната и утешна работа со Татко, стравувајќи што ќе биде подоцна со него кога ќе заврши со работата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И Татко ја убедуваше Мајка, смирено и сталожено, но чувствувајќи го нејзиниот внатрешен немир, дека наскоро ја привршуваат работата со Камилски и тогаш целосно ќе им се препушти на семејството и децата, макар што не сакаше да нагласува колку работата со неговиот пријател беше за доброто на децата и потомците. И така сите трпеливо го очекуваа крајот на мисијата...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со Госпоѓа Изабел подолг период не се имав слушнато.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Веројатно се беше толчел подолг период.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ние во Европа во еден подолг период се прашувавме зошто марксизмот завладеал толку моќно и во еден толку долг временски период, мошне силно распространет на планетата, успевајќи да им се наложи на толку многу народи.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
По подолг период може да се зголеми нејзината модулација и од страст да премине во највисокиот емотивен сегмент. Го нарекуваме љубов. ***
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Чудесно е што тие куќи, по един подолг период, уште служат за живеење и уште се убави, а луѓето од фамилијата веќе ги нема.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Перидот од 30 г.пне. до крајот на III век се карактеризира со подолг период на мир во Македонија кој повремено бил нарушуван од упадите на соседните племиња.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Аналогно на ова и финансиските средства во случајот на редовен работен однос се постабилни и постои поголема сигурност дека истите тие вработеното лице ќе ги прима подолг период отколку тој што е хонорарно ангажиран.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Самиот тој си помисли дека, барем за еден подолг период, тоа би било сосем погрешно.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Беше во подолг период адвокат и судија во независна Албанија за време на режимот на кралот Зогу.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Беше јасно дека храбриот биолог се доближуваше до другата слаба точка на Проектот: слевањето нова река во Езерото, чии последици, според категоричното тврдење на Цветан Горски, можеа да доведат, првин, до разнебитување на идентитетот и интегритетот на живите суштества во Езерото, а во еден подолг период и до самото негово исчезнување, колку и да беше тоа длабоко.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Да се разбереме, другари, градбата на хидроцентралите ќе се одвива во подолг период и бара големи жртвувања и напори. Историски.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во септември 1997 советот, претседаван од судијката Л. Додевска, постапувајќи во оваа правна работа, а во отсуство на тужената странка којашто манифестираше огромна процесна недисциплина – донесе позитивна пресуда поради изостанок5 со која го уважи тужбеното барање на тужителката Ангелеска и тужениот работодавач беше задолжен да и плати износ од 76.000 МКД (1.245 ЕУР) на име надомест за испратнина, сосе законска затезна камата; како и 23.309 МКД (380 ЕУР) на име пет неисплатени плати, за периодот од август до декември 1996 – а сето ова во рок од 15 дена по приемот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со истата оваа 189 пресуда се констатираше и повлекување на тужбата во делот кој се однесуваше на подолгиот период за казнената камата, како и за уплата на придонесите во ФПИОМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)