Кога си заминувавме тетка ми Марија убаво ме изгушка, а пролеа и неколку солзи поради тоа што толку ретко го гледала нашиот сој.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Коњот живееше во Задругата само тоа лето. Беше нивниот најдобар задружен коњ, но некој го претера и тој пцовиса, превивајќи се брефтајќи и со подуен стомак.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Овојпат уште потешко ми беше да се справам со подуениот стомак, па оставив едно копче откопчано, пуштив вода, заборавив да ги измијам рацете и ја отворив вратата каде што ја затекнав мојата тетка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)