Во новонастанатата ситуација, основна музичка категорија станува времето, односно траењето и тоа во моментот кога Кејџ, на трагата на Сати и Веберн, во тишината, порано разбирана како целосен музички негативум, открива нова, недвосмислено позитивна димензија на звучност; неговото често наведувано доживување во глувата соба на Харвардскиот универзитет(каде, и покрај апсолутната технолошка тишина, се слушаат два звука, еден висок и еден длабок: работата на нервниот систем и циркулацијата на крвта) го содржи клучот за разбирање на неговиот новововеден концепт во музиката.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)