Како ретка позитивна измена може да се смета покачувањето на максималната основица за пресметка на придонеси од четири на дванаесет месечни просечни плати исплатени во Република Македонија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Постапката во споровите од работните односи98 е регулирана во Дел трети, Глава дваесет и шеста, т.е. со чл. 404-409 и од овие шест члена, одредена позитивна измена претрпе само чл. 407 со кој се регулира можноста судот, на предлог на странката, во текот на постапката да одреди привремени мерки заради спречување на насилно постапување или заради отстранување на ненадоместлива штета.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)