позитивен (прид.) - конотација (имн.)

Вредностите што имаат поддршка од мнозинството, можат да добијат моќ на закон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И Татко и Камилски завршија со разгледот на првите десет османизми со генерално значење, првиот османизмите со навидум позитивна конотација, а вториот со негативна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И двајцата по првото искуство беа согласни дека ако продолжат, на секоја заемка османизам да ѝ го посветуваат истото време, тогаш ќе им бидат потребни години за да ја приведат работата кон својот крај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се договорија, според претходната шема, Камилски да избере пет збора со негативна, а Татко со позитивна конотација, верувајќи дека на тој начин побрзо ќе стигнат до крајот на мисијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На крајот се разделија обајцата задоволни дека за нив зборовите се потврдуваат, живи или исчезнати, присутни или заборавени, често употребувани или запоставувани, како ѕвезди на земјата, кои ги осветлуваат односите меѓу луѓето...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓу сите вреди да се истакне она што е можеби најдалеку од позитивните конотации на стрпливост, имено „допушта“, што субјектот на толеранција веќе не го означува како релативно немоќен, туку ја истакнува неговата премоќ и презривата или рамнодушна возвишеност на господарот. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 82
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа што толеранцијата обично ја поставуваме во подрачјето на моралот сѐ уште не значи дека е исклучена од правно политичката сфера.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)