Тогаш, во раното детство на човештвото, членовите на заедницата ги гледале оние кои биле поинакви онака како што се гледа во чудо за кое нема објаснување – како што се гледало во движењето на сонцето од едниот до другиот крај на небото, или како што се гледало во молскавицата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Минале еони, и човекот започнал да се обидува да си ги објасни нештата – громот бил небесното копје на разлутено божество, сонцето било бог кој пропатувал преку небото, а лудилото било последица на опседнатоста од божји или демонски сили.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)