Можеле да се зграпчат, секој со крвави прсти да му ги копа очите на другиот, а некои од другите подоцна кажувале дека и едниот и другиот Онисифор го сонувале пред тоа покојникот Дмитар-Пејко, жив и со живи прикаски на танките усни за она што ќе се случи, навистина за она што се случило подоцна на патот од Кукулино кон нигде и на пат од тоа нигде кон селото со седумдесет и шест куќи, најубавите од камен врзуван со вар, повеќето накривени, плитарски.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со тоа само се објаснуваат и желбите и усилбите на покорителите да ги направат покорените да се откажат од својот јазик и на негово место да го научат нивниот; исто така со тоа се објаснува упорството на покорените народи да си го зачуваат сето свое духовно народно наследство, а особено јазикот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Подоцна знаеле: на Онисифоровците како и на другите им недостасувале во бедните ноќи жени со бедра слични на полна месечина, или само така мислеле, жени покорни да станат облик според обликот на врелата машка жед.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)