Тие јазли, т.е. држави, според силата што ја имаа кога се образуваа, си ги разделија меѓу себе сите колца – племиња и наречја на јужнословенскиот етнографски синџир и ги крстија со нивното име. Јазлите како свој центар си го имаа носителот на националното име; со зголемувањето или смалувањето на политичката моќ на носителот на националното име и последново се раширува или се смалува.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
За волкот веќе може да се зборува како за тежок депресивец, веројатно поради сексуалната фрустрација во првиот случај (Црвенкапа) и недостатокот од политичка моќ (во областа на урбанизмот) во вториот случај поврзан со градежните активности на прасињата.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Адолф Хитлер - најголемиот анти-уметник на сите времиња, човек што фрустрацијата на андерграундот ја претвори во генератор на политичка моќ.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Многу млади се свесни за својата потенцијална политичка моќ и тоа и го искористуваат.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Не ме видоа; од еден пријател, во берберницата во која се бричев, дознав дека имаат и дете, и дека Земанек станал генерален секретар на Партијата, но дека таа партија ги изгубила изборите, и дека политичката моќ им опаднала; сепак, велеше пријателот, Земанек живее одлично како секретар на Партијата, а има и љубовница: некоја млада девојка која многу личела на Луција, кога била млада.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дури и кога се работи за некакви подобрувања (значителни или незначителни) политичката моќ на капиталот и неговата привилегирана положба е сосема доволна за анулирање на позитивните законски прописи.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Намалувањето на политичката моќ на организираниот труд е само последица на силната пропаганда на неолибералната идеологија, која го глорифицира „успехот на поединецот и неговите претприемачки квалитети“ и која парадоксално се прикажува себеси како „неидеолошка“ и „научна“ позиција.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
И така, Џон се соочувал со тешка битка во обидот да си ги завери мажествените исправи, па му требала сета помош што може да ја присобере, а која мојот скандалозен предмет баш и не му ја давал. (Можеби вреди во врска со ова и да се каже дека за мојот предмет никогаш не сум добил приговори од геј-мажи што се гордеат со својата флагрантна женственост и што се исплашиле дека тоа што во описот на предметот ја спомнувам „мускул-културата“ може да наведе некого по грешка да мисли дека и тие се некакви типови што се носат војнички или дека се некакви забегани фитнес-отоци во тренерки, кои обожаваат тимски спортови и немаат никаква смисла за духовит збор.)
Главната причина поради која не би било мудро да се отфрлат приговорите на Џон со некаква праведничка самозадоволност или со некаква покровителска надменост е што на тој начин би се потценила нивната политичка моќ и би се превидело дека се втемелени во еден конкретен спој на општествени и историски настани, за кои, всушност, даваат важно и корисно навестување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Рамбо Амадеус, Од друга страна, совршено се јасни причините за српската младина зошто политичката моќ манипулира со 6 okno.mk брзината на одвивањето на реформите.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во првиот план потентниот мажјак, во монументалната поза на херој на татковината, нагрнат само со пресветото национално знаме и накитен со сите знаци на со насилство изборената национална слобода и неприкосновена политичка моќ, а одзади, во полумракот, онаа што ги трие неговите крвави гаќи само повремено подигнувајќи го заљубениот поглед полн со восхит и бесконечна верност.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Политичката моќ, освен визиите и чувството за историја коишто треба да ги поседува, во голема мера се потпира и на баналните, секојдневни распореди на силите, и дури може да се тврди дека насоката на тој тромав брод наречен држава повеќе е детерминирана од тие „синхрониски“ (дневни, статус кво) каузалитети отколку од големата „дијахрониска“ оска, главно невидлива и безначајна за повеќето протагонисти, но длабински (тектонски) потенцијално фатална за стабилноста на одредено општество.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Тоа го гледаме уште од подемот на фашизмот и тоталитаризмот...
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Мрачните резултати се предвидливи. Како што растеше употребата на кибернетичката комуникација, политичката моќ се сведуваше на оние што ги контролираа воздушните бранови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
За новата раса поимот “политичка моќ” е одвратен, зол, ужасен.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во овој контекст евидентно е дека партискиот апарат со најголем буџет за телевизиска кампања и маркетиншки способности за концентрирање на најтелегеничните, најповршните, најнакитените, злокобни теми (абортус, дроги, ветувања за лојалност, училишни теми, ослободувања од царини и шовинистички воинствен национализам), ќе се вивне во пировата победа со добивање на 25-процентното „мнозинство“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 53
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не беше Берлинскиот ѕид тој што ја штитеше “империјата на злото”; тоа беше електронскиот ѕид, којшто беше лесно пробиен од MTV.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Идејата дека која било група може да посака да ја приграби доминацијата, контролата, власта, надмоќта над другите, е примитивна перверзија - дегутантна и застарена колку и ропството или канибализмот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)