Од тоа, по Втората балканска војна и Букурешкиот договор од 1913 година првин, и потоа по Првата светска војна и Нејскиот договор од 1919 година, и со жирирање на Англија, франција и Русија, додека италијанската делегација поднесе еден нацрт подготвен од полковникот господин Кастолди со барање да се уреди Македонија како автономна област по образец сличен на оној што е прифатен за Рутенија, односно Украина: Грција зграби 34.456 квадратни километри, односно цела Приморска Македонија, со историската, политичката и културната престолнина на Македонија - Солун, Бугарија 6.798 квадратни километри со културното и политичкото средиште на сиот тој крај Горна Џумаја.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)