Веќе никој не е врзан за физичките карактеристики доделени од природата, никој не мора да биде врзан со јажињата на традицијата - оваа комуникација не ги познава границите наметнати со културната и политичка хегемонија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ние просто избираме еден поинаков, некому неразбирлив заеднички идентитет, кој ниту индивидуалното ниту националното не ги признава како ултимативност, кој им се спротивставува на патолошките еготрипови на поединци, кој впрочем лежи врз трагата на постмодерните промислувања за отуѓеноста и немоќта на поединецот да влијае на процесите околу него.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)