Но при вториот или третиот стих Пере тивко му шепна: „Се заоблачи, Апостоле“, и тој веднаш ја сврте на „Дуњеранке“, оти влегоа двајца жандарми и дежурниот полициски писар Јачмениќ, кој се врати од Солун и си го зеде пак старото место.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И таа како и улицата беше задушена во мов, се крстеше секое утро пред своите дуќански врати, со животински страв од данок, меници, повереници и полициски писари.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
А тој пак, се избакна со полицискиот писар Јачмениќ, со наредникот Радована, ќатето Драгутина и ги испрати со желба пак бргу да се вратат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)