Бев убеден дека е тоа врвниот дел од нејзиното тело, дека само тоа е останато од мојата Луција и дека јас бев првиот што пиел небесно питие од таа чаша полна ѕвезди.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
За чашата негова се говори дека чашата била полна ѕвезди, и дека на папок личела, и дека во неа Соломон ја гледал судбината своја и ја црпел мудроста своја, како од книга, и дека таа му велела како да постапува во војна а како во мир.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сѐ што знаете за сиромаштијата (сиромав човек жив ѓавол, парола снајди се) во Богота се мултиплицира и веднаш ви е јасно дека сте во метрополата на бездомниците - Богота, град потпрен на ѕвездената светлина, град во кој бездомниците се уплавосани од темнината на ѕвездите, град во кој бездомниците секој божји самрак се уверуваат дека нивните мечти не узреваат а дење балињата им се полни ѕвезди, колку цел ден да се допрашуваат денските ѕвезди вистински ѕвезди ли се?
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)