полски (прид.) - амбасадор (имн.)

Тоа беше мојот пријател, полскиот амбасадор Мајевски кој минуваше крај построената гарда. Се изненади кога ме виде во салонот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бев близок пријател со прекалениот и искусен полски амбасадор во Тунис Мјачеслав Мајевски.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Долго време, како и мојот пријател, полскиот амбасадор Мајевски го очекувавме денот во славната палата на Претседателот Бургиба, како во некој егзотичен храм од 1001 ноќ да бидеме внесени во списокот на Шехерезада, со што продолжуваше дипломатскиот, воопшто животот во светот на суверенот!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)