полски (прид.) - врабец (имн.)

- Зошто? - се зачуди стариот полски врабец.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се исплаши полскиот врабец, но додека да разбере што се случува светлините пак се запалија а внатре во собата се кренаа весели викови: - Среќна Нова година!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Стариот полски врабец не знаеше што е тоа Нова година, па Џив мораше на долго и на широко да му објаснува.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Среќна и на тебе! - сиот разнежен рече стариот полски врабец.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Таа вечер стариот полски врабец беше тажен.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Стариот полски врабец таа ноќ спиеше пресреќен и сонуваше прекрасни новогодишни соништа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кога го погледна богатото јадење полскиот врабец пак ќе се онесвестеше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Стариот полски врабец не туку така долета од полето дури ваму.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И полскиот врабец летна по својот пријател.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- О, колку слатко јадење! - извика стариот полски врабец и почна да го полни своето празно меше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Пријателите убаво вечераа а потоа пак се наместија на прозорецот од каде струеше топлинка и со занес го гледаа призорот во собата и ја слушаа пријатната музика што извираше од една кутија, за која полскиот врабец не знаеше дека се вика радио.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)