Откако минав низ таа геј-иницијација воден од мојот многу помлад љубовник, сега сум устројствено отпорен на тврдењето дека претстоунволската машка геј-култура е безначајна за поскорешните поколенија геј-мажи или дека е застарена – дури и да е, што е неспорно, а сепак чудесно, старинска... и дури и да не може, а да не изгледа древна од нашево сегашно, постоунволско гледиште.
Да се изучува машкиот геј-субјективитет преку изучување на традиционалната машка геј-култура денеска се чини толку многу занимливо токму затоа што изгледа противинтуитивно, толку невидено назадно, особено во контекст на општествените, концепциските и генерациските промени што предмалку ги исцртав.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)