попатен (прид.) - додаток (имн.)

А бидејќи Кант на прашањето „Што е рамка?“ одговара дека тоа е parergon, сложен однос меѓу внатрешното и надворешното, но таков кој не е легура ниту мешавина пола-пола, туку надворешното коешто е повикано внатре внатрешното за да го конституира како внатрешно; а како примери за parergon ги дава, едни покрај други, рамката, наборите на наметките и столбот; можеме да кажеме дека во овој концепт навистина постојат ‘значителни тешкотии’.” (Дерида) Parergon на грчки значи “hors d’oeuvre” (вон делото), „попатен додаток“, „суплемент“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)