Од друга страна пак, решителноста и упорноста на Лозанов- ски е одличен пример како треба да изгледа една реакција на работник, кој и после загубата на работното место, поради разни причини, сè уште има неостварени права од работен однос кај својот поранешен работодавач, во случајот неисплатен дел од плати и додатоци од плата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во јуни 2010, после одржани вкупно шест рочишта, истата судијка ја донесе и објави пресудата со која го уважи и ова тужбено барање и го задолжи туженото претпријатие да го исплати главното побарување на Н.Н., кое беше во вкупна вредност од 460.811 МКД (7.555 ЕУР) и тоа 346.983 МКД за неисплатени плати и 113.828 МКД за неуплатени придонеси кон ФПИОМ, зголемено за законската казнена камата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тука би било умесно да се даде и една критика кон законодавецот, за носењето трговски закони кои им даваат можност на основачите на вакви друштва да водат селективна политика кон одредени сестрински фирми , а кои функционираат во рамките на иста дејност; а, згора на сè, е и можноста што им се дава да применуваат различни аршини за вработените во склоп на „групациите“ и да ја избегнуваат мож- носта за прераспределување во матичната компанија-основач, откако одредено поврзано друштво5 (а не „подружница“!),6 кое е основано од неа, ќе биде затворено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така и парничните трошоци, во висина од 50.286 МКД (825 ЕУР), паднаа на терет на тужениот поранешен работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)