поранешен (прид.) - студент (имн.)

На Камилски видливо му олесни кога го забележа својот пријател од Македонија, негов поранешен студент, цврсто го прегрна и потоа им го претстави на одговорните од Организацијата на доброволните француски шпански борци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Писмото даваше објаснување: “Би сакал да ја искористиш приложената слика, која ме покажува при мојата омилена активност: миење чинии за жена ми во Рим.”
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Катедрата за англиски, Деканатот на Колеџот, службата на претседателот и службата на Здружението на поранешните студенти без поплаки се справија со стотици не баш добронамерни прашања во врска со него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Уште поспецифично, како поранешен студент на George Kelly, тој тврди дека Kelly- евата теорија за персонален конструкт (Kelly 1955) е суштински некомпатибилна со сите компјутерски* модели на човечка когниција.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Конечно го сретнав Фаерабенд во еден луксузен апартман во Петтата Авенија кој му припаѓаше на некој поранешен студент кој мудро ја беше напуштил философијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)