посебен (прид.) - дел (имн.)

На крајот од својот извештај Еванс ќе заклучи дека “за среќа“ членовите на воените мисии не биле “задолжени со задачи за решавање на политичите проблеми на Балканот“.352 И самиот Еванс во посебен дел од извештајот се осврнува на идејата за независна Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Позитивни искуства: помали дози предизвикуваат еуфорија, а поголеми дози - поспаност, а понекогаш и кома. (За детали погледни во посебниот дел за хероинот) Дури и најсилните опијати не секогаш создаваат навика, што зависи од самата личност; има луѓе кои се повремени корисници со нормален “начин на живот”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Широкиот избор на значењата кои Дишановиот јазик ги остава недокажани, потсетува на многу различни слики, но тие, како посебни делови од филмот, не можат одделно да се распознаваат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Еден посебен дел на кој во средината имаше стара количка, целиот беше цветен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада и Томо се одвоија и продолжија да живеат во еден посебен дел од куќата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
О.К. Како делуваат тие посебни делови облека?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Според нивните истражувања, „Македонија, иако конгломерат од различни народи, би можела да ја оправда својата автономија врз основа на етничкиот принцип.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но тој "критериум не е прифатлив за провинциите (како што се Босна, Херцеговина и Македонија) кои се населени со хетерогено население" и дека "сите апологети на федерализмот се подготвени да прифатат арбитражна солуција за овој проблем, било со поделба на посебни делови или додавање на региони кои се населени со доминантно српско население на Србија и хрватски региони на Хрватска".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тематот ќе продолжи и во следните две Маргини, за на тој начин да ги опфатиме, во посебни делови, трите најзначајни етапи на Хичкоковото творештво.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Против решението на судот со кое се усвојува предлогот на странката не е дозволена жалба (чл. 164, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
7.  Како мала дигресија, не е на одмет да споменеме дека во посебниот дел на нашиот КЗ (1996), во главата насловена како „Кривични дела против работните односи“ се вели: Тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите или за забрана на прекувремената или ноќната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. 205
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)