Донесе Кољо и вино правено од своето лозје, со години чувано во кералот на куќата, во очекување на некој посебен ден, ден на слободата, или ден на свршувачката на Марија.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Посебни денови се саботите. Некому викенд, нам главен пазарен ден од онаа страна на тезгата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Покрај овој како општо еврејски Пурим, се одбележаувале и посебни денови на спасување на Евреите; така постоел и посебен белградски пурим кога се спасени белградските Евреи при едно тирско бомбардирање на градот Purim alegre!
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сакајќи да ѝ остане во сеќавање овој посебен ден во нивниот живот, тој почнува да пее песна за неа, на што таа се надоврзува и завршуваат во дует: „Ох, љубовта е толку слатка напролет, кога две срца пеат во мај....мила, мила, мила, ќе ме сакаш ли некогаш?
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Leshana Haba’a Bi’rushalayim „Догодина во Ерусалим!“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Mazel tov! извик на честитање со значење: „Сѐ најдобро! Честито! Најдобри желби на овој среќен ден!“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)