Постапката за преиспитување на согласноста ја поведува надлежен суд во рок од 30 дена од поднесувањето на тужбата од работодавачот (чл. 4 од ЗИДЗРО/ јан.13); в) кај обезбедувањето на безбедни работни услови се воведе обврска работодавачот да мора да обезбеди услови за безбедност и здравје на работниците согласно посебните прописи24 и да ги преземе сите неопходни мерки кои предвидуваат на секој работник да му е обезбедена соодветна обука за посебните карактеристики на работата, врз основа на неговата стручна подготовка и искуство.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Застануваше пред огледалото и размислуваше која посебна карактеристика на нејзиното лице или на нејзиното тело има некаква одбивна моќ.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Местото каде што застанал да го слика селово морало да биде од чун оттурнат во езерото, токму на она место од каде што очите можат да го заграбат сето село, но не и премногу далеку за да се изгубат посебните карактеристики на куќите, посебните белези и бои со различни тонови и нијанси: жолта, сина, зелена, кафеава, црвена, лилава, розова, чивитлија, сива, црна, алова, портокалова.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Никој не треба да биде дискриминиран или омаловажен заради некои свои посебни карактеристики, како бојата на кожата, религијата, националноста, етничката припадност.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
За подобро да го разбереме психоделичното творештво потребно е подетално да се задржиме на психоделичното доживување, обидувајќи се да осветлиме некои од посебните карактеристики на овој вид на изменета состојба на свеста.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)