посебен (прид.) - начин (имн.)

Макар што не престануваат предрасудите за Балканскиот полуостров, од овде се извишуваат значајни книжевни гласови кои на посебен начин го потврдуваат нивното европејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Има илјадници места на кои можат да се дадат парите, да фатат или да не фатат место, а сепак човек одбира да ги даде на посебно место и на посебен начин.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во текот на разговорот користеше по некој англиски збор, погрешно изговорен, а Спиро и Стасе (нејзиниот сопруг, кого мајка ми, а и сите ние го сакавме на посебен начин, затоа што е многу питом и позитивен човек) се погледнуваа и се потсмевнуваа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Знаев дека многу убаво раскажува, ама не знаев дека таа умее тоа да го пренесе и на хартија на еден навистина посебен начин, барем за мене...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Одеднаш токму вклучувањето на „вон”-уметничките техники и нивното естетизирање, односно изолирање од профитните интереси, навлезе на посебен начин во уметноста, којашто се сосредоточи пред сè на светлината и движењето (на пример, луминокинетички ликовни дела) и набргу, врз основа на кибернетичките хипотези во концептите на таквите дела почна да се вклучува и посматрачот (пример, т.н. кибернетички, интерактивни уметнички дела).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Накусо, ако е женската вагина - без оглед на тоа што би кажала психоанализата за причините за нејзината привлечност - место во коешто пенисот најлесно ја доживува својата полова реализација, што значи дека во неа на посебен начин се создадени услови што ја поставуваат за остварувачка на половата надразба од прв ред, тогаш мора hi-tech направата електронски да создаде таков систем надразби на телото на примачот што нема да отстапуваат од оние што ги чувствуваме при пенетрацијата во женскиот полов орган или при надразнување на другите ерогени места на кожата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И сега, вревата што идеше од Татковата библиотека, неговиот гласен разговор со книгите, ја правеше Мајка среќна, на еден посебен начин.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа беа тие други зборови: разновидни И секој на посебен начин своеглав А ги прибра од исто дрво (од една дарежлива овошка, со стотина гранки можеби И уште со по стотина гнезда на секоја гранка И уште со по стотина стотици зборови во секое гнездо) Испилените слогови и расплаканите букви од крошната Лично ти ги подаде Вистината, со насмевка На оџачар кој верува дека раздава среќа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
За мене тие беа повеќе и од нашите големи празници за кои никогаш не арчев непотребни зборови но знаев да ги одделам од другите денови и на посебен начин да ги доживеам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, не се подготвував за да ги прославувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се интересира за човечката сексуалност на посебен начин, на ист начин како што се интересира за водената енергија или за електрицитетот... Тоа е форма на енергија, тоа е форма на човечка енергија и активност која интригира. Големото стакло јасно се занимава со тоа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Според Фуко, сите тие се дел од трикот кој прикрива што навистина се случува: овие доминантни вистини всушност се определување на животите и на односите на индивидуите; тие правилни заклучоци за посебни начини на постоење се всушност пропишани начини на постоење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не престанав да сликам. Секоја слика мора да постои во главата пред да се стави на платно и секогаш нешто се губи кога е преобразена во слика. Повеќе сакам да ги видам моите слики без таа кал.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Описите на овие „посакувани“ начини на постоење всушност се илузорни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Наместо едноставното природно наследство, важен е посебниот начин на кој еднаш разделеното наследство се помешува на соодветно место и под постоечките притисоци.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Има ли таму некаква значајна врска што ја поврзува културната практика на пеење контратенорски улоги со некој образец на афект, со некој посебен начин на чувствување, и која го поврзува едното или ги поврзува и едното и другото со хомосексуалноста?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се раѓа вегетација која успева на посебен начин, сама од себе развивајќи се интелигентно со своите убавини.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во последно време овој „добротвор“ многу е изитрен и во договор со големците од Белград ја чисти својата околија од интелегенцијата на еден многу посебен начин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А имено, ако сака да се ослободи од злото, кое му ја мати водата, веднаш тајно му шепнува на увото: „Бегај, сакаат да те убијат“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вандалот кој толку многу знае да маѓепса, да ме поседува, го сакам, но и почитувам на многу посебен начин.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој е навистина машина. (...) Постои хардвер, физичка машина којшто е предизвикана да отвора и затвора електрични кола на посебен начин со шема од битови кои повремено пристигнуваат во неговите влезни единици.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Според веќе познатиот ритуал, Мајка му ја отвори капијата, го прими убавиот букет со црвени рози, сега подготвено му ја пружи раката на Камилски за да ја бакне.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Климент Камилски, моќен полиглот на западните јазици, одличен познавач на францускиот, шпанскиот, италијанскиот и други, потоа на балканските јазици, беше на посебен начин обземен од судбината на својот мајчин македонски јазик, со задоцнета кодификација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски, сакајќи на посебен начин да ја означи последната средба, дојде уште рано во нашата куќа, носејќи го свечениот син, излитен костум, со жолтата пеперушка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да не заборавиме на чајџилничката сцена во „Галерија 7” што на посебен начин придонесе во формирањето на една специфична супкултурна арена.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Овојпат слично постапив со шкартот од стечајните фабрики низ Македонија но, на еден посебен начин.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Најпосле зедов слобода и му реков: - Долги години, по нашата средба во 1978 година во Струга, на еден посебен начин се приврзав за палестинската поезија, за вашата посебно.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вие го напуштивте во 1993 година не согласувајќи се со договорите од Осло...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во младоста како да го наследив татковиот култ кон романот Боговите се жедни од Анатол Франс, во кој на еден посебен начин се пишува за карактерите на владетелите и за Француската револуција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Махмуд Дарвиш беше свесен дека пред себе нема љубопитен новинар кој би го искористил неговото присуство за ексклузивно интервју туку човек, писател и поранешен дипломат кој ја споделува на еден посебен начин судбината на неговиот народ, како дел од човековата судбина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Судбината на Бургиба можеби сама по себе не би зазела посебно место во овие записи за минатите дипломатски години во Тунис и во Франција, доколку не се работеше за една од централните харизматични личности во светот кои на посебен начин го обележаа минатиот век, епохата на борбата на колонијализмот и неговиот пад.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сеќавав на зборовите на Махмуд Дарвиш изречени на истото место крај Охридското Езеро, во август 1978 година, на Струшките вечери на поезијата, кога заедно со други врвни палестински поети, беше дојден по наредба на самиот Јасер Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие денови почнавме да се подготвуваме за твојот посебен начин на исхрана.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
XXXVII Чувството за враќањето во земјата на корените го обземаше секого во семејството, но и го напушташе на посебен начин и во различни периоди од семејниот егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа сведочеше, на посебен начин, и за семејниот егзил и за најсреќниот период во животот на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не успевајќи да мигрираат, Таткото и неговото семејство на посебен начин го откриваат патот на слободата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Митскиот простор на Езерото се ширеше во длабината на семејната психа, го обземаше секого од нас на посебен начин.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мислам дека токму таа несекојдневност на посебен начин ја украсуваше и фонтаната.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност спомнатото интервју претставуваше само обид на посебен начин да бидат исмеани одредени појави во нашата творечка продукција.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само на овој начин можам да си го протолкувам и оној случај со ноќта во која на посебен начин ја здогледав месечината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми се насмевнуваа со некоја нагласена симпатија, заговорнички ме погледнуваа, а притоа настојуваа на некој посебен начин да ми ја изразат својата поданичка покорност.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога веќе го спомнувам Господ, можеби токму тој Господ на посебен начин го сакаше татко ти, го штитеше, или барем не беше против него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбира, овој значаен настан беше обележан на посебен начин.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Или ме сфати но на свој посебен начин за кој јас немав, барем тогаш, доволно разбирање.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таму, во големата сала, еден дојденец, за кого не сум сигурна колку беше Козак, почна да аплаудира како споулавен кога беше соопштена веста за раѓањето на наследникот на Иван Степанович.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се подготвуваше на посебен начин за секој час.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вистина е дека во Времето на козите, на еден посебен начин, се раскажува за уништувањето на козите во Југославија кон крајот на 40-тите и 50-тите години, за мачните егзодуси на илјадници селани кон кревките градови, за да го создадат новиот човек.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Балканската матрица на постојаното продуцирање на различја, макар со различни правци на одвивање на нивните животи, ги зближуваше на посебен начин.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Од книга во книга, вие на еден мошне посебен начин ги претставувате настаните и навраќањата кон нив што придонесува трите книги меѓусебно да се дополнуваат и дообјаснуваат, а верувам дека истото ќе важи и за следните книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ќе заѕвони телефонот и тогаш се одвива современ разговор наместо овој посебен начин на подготвување на предавањето).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)