посебен (прид.) - просторија (имн.)

Кога завршија сите гранични и царински формалности, заедно со лицата кои нѐ пречекаа близу граничната линија за првото добредојде, нѐ воведоа во една посебна просторија во граничната зграда, за средби со странски делегации.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Оние кучиња што се од ретка раса, што имаат голема цена, се чуваат во посебни простории со заштитени врати и прозорци од секакви допири и кражби како што се чуваат сите скапоцености.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тука имаше и една посебна просторија Неколку дрвени скалички водеа до мала просторија без никаков прозор на неа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)