Бевме во добата на невиноста, кога душата уште е мека глина и не знае дека еден ден ќе се претвори во камен или во посна земја; бевме во онаа доба кога душата е глина која лесно може да се стопи со сродна душа, и од двете да стане едно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Бевме во добата на невиноста, во која кога ни се упатени срамежлив поглед и затскриено искажан копнеж, тие предизвикуваат ерупции во нашата душа, под тенката и нежна телесна обвивка, доба кога душата и телото се сѐ уште поврзани во едно; добата на невиноста, кога возбудата не знае дека еден ден ќе се претвори во рамнодушност или во нагон за задоволување само на телесните потреби, а тогаш, дури и кога ќе успее во себе да вткае страст, нема да има ни способност ниту пак желба да го претвори мигот на уживањето во малечка вечност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)