Верскиот поглавар Афз Б. имаше посилни причини, повеќе од другите партнери, да го крие овој порок со оглед на верскиот морален кодекс, кој мораше да го почитува барем пред очите на верниците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но, кога тој, во уште подраматично време од својот живот, во Цариград, не ја прифати партијата на Ататурк која му нудеше брилијантна судиска кариера и висока позиција во новата власт, а не го прифати ни благословот на ниедна партија во родната земја кога, во времето на фашизмот, не ја прифати и понудата да ѝ се приклучи на Татковинската партија, по цена на губење на родното огниште и одење во траен егзил, не гледаше ниту сега посилна причина, во името на судиската кариера што му се нудеше, да стане член на Комунистичката партија! По никаква цена!
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ми се лошеше и следните денови, а имав и уште една, многу посилна причина, да помислам дека носам нов живот во себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се чини оти баба имаше многу посилни причини за да заминеме, отколку дедо за да останеме крај брегот на Езерото, во куќата која тој ја замислуваше како тврдина на останувањето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Појдов на доктор и тој по прегледот ми потврди: „Имате причина за радост – бремена сте!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)