последен (прид.) - излезе (гл.)

Валијата и пашата испратија големи потери по бегалците и не знаејќи кој е нивниот војвода, ќе почнат да се распрашуваат кај бабите по селата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред самата црква на плочите од гробовите на старите попови наседнаа десетина мажи навреме, два тројца пристари луѓе и 7-8 деца и го дочекаа поп Јакова, кој последен излезе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Озгора од куќата своја, го гледаше сето село како на дланка, гледаше сѐ што се случува во него: во која куќа наутро најрано станале, во кој двор се трча да се фати кокошка за колење, кои жени, уште недорасонети се караат преку плотовите; кои луѓе не си ги користат домашните алиња, туку клечат зад копите и гаждарињата во дворот и бавчите; кој уште пред да зазори, како гробник, како волк, бега од некоја куќа и се провира низ плотовите за да не го видат кај која ороспија преспал ноќеска; на кои чардаци што се суши; која се потпалила, која се препокрива, која се довршува, кој последен излегува од кафеаната и го бара патот за дома, кој влегува и излегува од селото: за добро, за лошо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Последен излезе и бапна во вирот Никола и по река, надолу, ги најде сите триесет и два другари во врбјакот каде што се разделува патот за Поешево и Оптичари и им ја честита слободата, а тие едногласно, уште тука, го избраа за свој војвода, благодарејќи му со тоа, што ги извади од затворот и им ги спаси животите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од авотбусот последен излезе Винко, стескајќи ја кутијата со Џеки под мишка, покриена со палтото.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)