последен (прид.) - вагон (имн.)

Всушност тие стигнуваат до последниот вагон, до вагонот на Чана, застануваат, се погледнуваат во чудо една во друга и тргнуваат назад испаничени А нашиот вагон бре Милке кај го однеле!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Одејќи така стигнаа и до последниот вагон од кој Чана и Добра ја симнуваа бабата Петра, а горе, во дупката од вратата стоеја нејзините внучиња.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Набргу дојде експресот; застана и јас се качив во последниот вагон.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На вратата од последниот вагон Сандре го допре увото постоја малку, а потоа рече: - Ништо не се слуша... Веројатно спијат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Главата на композицијата прво ги влече натаму, па нивниот последен вагон ќе стигне до таму каде што беше главата и при тоа Чана открива долу во црната кал ту некоја откафтена вратичка од долапче, ту бовчуле, ту заштукан чевел, ту кокошка која пафкајќи со крилјата не знае на каде да фати.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)