Ваквото неразбирање за последната етапа на Ворхоловата уметност беше уште еднаш подржана и со изложбата во МОМА каде на многу површен начин беа третирани и преставени неговите последни дела како примероци од разните “фази” на Ворхол: еден Roschach, еден Reversal, неколку од Oxidations, еден Self Portrait, една Last Supper итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На ова место анализите ни се вкрстуваат и влеваат во заедничко уверување: ние зборуваме на крајот, во последната етапа на лажно вдахновение на критичката свест, чии последни импулси можат да се спасат само под услов фрагментарно да се развластат, прецизно да се локализираат и формално да се дисциплинираат.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во атомите на генот, кои ме поврзуваа со Татко, чувствував како во нова димензија на времето се надоврзувам во скадарскиот пекол на некогашното рајско патување на Татко во Цариград и како во сон трчам во место, запирам на последната етапа од враќањето од егзил во родната земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Преживеаните вредности на критичкиот гест според него се зачувани “во внатрешната напнатост на духовната дејност”, во оној вид негативност која го поттикнува неговиот натамошен напредок.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Гледано од ваков аспект, откако 150 Margina #11-12 [1994] | okno.mk ги завршил сериите слики за познатите личности и несреќите во раните шеесети, Ворхол станал жртва на сопствениот успех.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ворхол снимаше сѐ и никогаш ништо не фрлаше; фондацијата овозможи музејот да ги добие поголемиот дел од архивските материјали, вклучувајќи нотеси со разни исечоци, примероци од магазинот Интервју, снимени ленти со музиката на Велвет Андерграунд; сите овие работи ќе бидат изложени во галериите на музејот и во читалната која ќе биде отворена за посетителите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Татко појде кон Судот, на последната етапа од изборот за судија, државниот испит.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Пиесата на апсурдот требаше да кулминира во Атеистичкиот музеј во Скадар, веројатно последната етапа од нашиот престој, наложената цел.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)