Сонцето тонеше зад границата оставајќи ги во нас последните зраци, како чудесно совладување на граничната линија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Си ветив дека од денес ќе внимавам: ништо нема да ме помести од местото додека и последниот зрак не згасне зад планините.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Последните зраци што успеале да си најдат проѕирки низ големата крошна на брестот што стражари пред фабриката Мичурин, се имаа раздробено во безброј златни зрнца по нивните коси и алишта.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Фаќаше од око најнеочекувани рекурси, се наведнуваше и се искачуваше со камерата како со џебен фотоапарат за семејни фотографии, ги ловеше последните зраци на сонцето по брановите преку камењата, правеше смели швенкови од карпестите врвови до распенетите вирови, се задржуваше со крупни планови по брановите бистра вода што ги преплавуваа изделканите белутраци по свиоците, успеваше да фати и по некој растреперен цвет на колонеж или скриена циклама во цепнатинките на скрките.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На главната врата од резиденцијата, во авенијата на симетрично наредените палми, живи каријатиди на медитеранскиот пејзаж, го сретнав градинарот Раиз, како си го завршува работниот ден.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во далечината се руменееше небото од последните зраци на сонцето во залез, последните зраци се пробиваа низ процепите на палминото лисје.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Онаму далеку, над гребенот на планината се навали сонцето и целото Деволско Поле го облеа со последните зраци.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Изгревот затоа што од првите до последните зраци риеја во каменестите планини, а заодот затоа што од последните до првите зраци, истоштени, гладни и жедни покрај вода честопати беа будени и терани да ги слушаат лелеците и криковите на тие кои ноќе беа тепани, горени со усвитена жица, давени во кофи наполнети со човечки нечистотии и дење изложувани на потсмев.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Веќе беше доцна ноќ и домот тонеше во онаа позната глувост, - се чинеше, смртта тука одамна е гостин и дека тука се изгубил и последниот зрак на живот. Сите ние сме мртви, сенки.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Понекогаш заедно ги гледавме неговите портрети кои ги имаше изработено човекот кој му беше бил како татко.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Продолжив да копам, сѐ додека не исчезна и последниот зрак светлинка, за да заборавам што сум направил.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со последниот зрак од зајдисонцето јас души ќе згреам...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Уште неразденето сака да се црпи светлина од бунарите на сеќавањето и да се варди да не се отпаси палецот на левата нога од каменот расцутен од болка утрата обично се зарипнати но влажните јазли на животот итро ползат до последните зраци светлина за ужина лепче и малку путер а заповедана е и по некоја насмевка да и‘ се најде на смртта кога ќе дојде багремите пред порта се заблудени од средниот век: градскиот воздух ослободувал мотика не влегува во леите на избавувањето во кои се впиени само бивши радости во највисоката школа на цинизмот: трудот ослободува и затоа нема дожд, за по дождот да дојде сонце.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Гледаше во залезот на сонцето како ги истура последните зраци во Езерото, менувајќи го синилото на водата во потемни нијанси.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Потоната длабоко во мракот
- кој е всушност, битието на светлоста -
саноќ се напрегаш
да го задржиш во сеќавање
последниот зрак
и да не заборавиш
на себеси.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Така продолжи сѐ додека од небото не исчезнаа и последните зраци и кога веќе ништо не се гледаше во песокот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)