„Според ова, кај нас и во наши услови, секој секого кодоши,” шепна некој од последните клупи во средната редица, во која беа сместени осамените срца на возраст од шеесет до седумдесет години.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Двајцата седеле во последната клупа со другите родители во чевли со изедени потпетици, накриво, во народни носии, зашто тоа им било најново.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Јас повторно од последната клупа станувам и декламирам: Другарот Тито е еден од најголемите државници во целокупната човекова историја и пошироко.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Јас од последната клупа гордо станувам и почнувам да му се дерам: Какви бе значки со потписот на Тито, ѓубре едно србокомунистичко!
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Имаше место во последната клупа и изгледа дека беше задоволен со тоа, зашто таму, во аголот, другите деца викаа, се префрлуваа преку клупите, се маваа со сунѓерот, ги влечеа девојчињата за прцлињата и изведуваа стотици други ѓаволштини, тој седеше стуткан во својот агол, отсутен, со мислите далеку од она што се случуваше околу него.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
И додека тој седеше во својот агол, во последната клупа, сите погледи беа вперени кон него.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Седеше долго време сама. Во последната клупа. Како придодадена на класот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Уште повеќе што седеше стуткана таму назад, на таа последна клупа. Како да сакаше да остане незабележана.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
На последната клупа старецот гледа во небото со сите брчки на своето лице, жмиркајќи.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Постојав. Потоа по ука седнав во последната клупа.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Поради вошката стигнав во последната клупа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Јас, Ефтим и Тодор сме во последната клупа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Првиот е Коле. Седи во последната клупа, па главата често ја потпира на ѕидот. Од тоа и варта е излупена зад него.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Таа мене не ме забележува, иако се џарам во неа.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
А како да не се вртам?
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И тој ме опомена да не се вртам наназад.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И тој е висок, седи во последната клупа.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Назад седи Соња, во последната клупа до прозорците.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Нешто важно се дозборува со Љупчо.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Кога влезе сите веќе си седеа, а тој се упати кон двете празни места во последната клупа до прозорецот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Претходно се договориле за правата и обврските и се потпишале“, рече професорот Никола - Еко, кој беше влезен откако започна состанокот и седна во последна клупа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Коле седеше во последната клупа, па главата често ја потпираше на ѕидот.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)