Тој го направи последниот обид: „Можеби не сум сосем јасен“, рече.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ова беше последниот обид на Татко, пред почнувањето на потрагата по опасните турцизми да го одврати Климент Камилски од неговата идеја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нашминканото огледало и мојата издолжена појава во долна облека, го пропаднаа последниот обид да доживеам утро кое не наликува на неколкуте пред него.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Вселената е мојот Благослов. („Последен обид“, рече Бог Или Тед Хјуз Во Гаврановата прва лекција) Јас сум Благослов Апсолут.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Доколку премиерот Пуриќ „се спротивставува на напорите да се постигне спогодба со маршалот Тито..., Британската влада, потпомогната од Русија и можеби од САД, ќе ѝ стави до знаење дека нема да продолжи да ја признава Владата на Пуриќ во овој состав“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во него посебно се нагласувало „Черчиловото повикување на водачите на југословенскиот кабинет од Каиро во Лондон, како последен обид да се решат политичко-воените разлики меѓу маршалот Тито (Јосип Броз) и генералот Михаиловиќ, бидејќи во новосоздадената ситуација Британците не можеле да продолжат со дотогашното парадоксално политичко признавање на Владата на премиерот Божидар Пуриќ сè додека таа инсистира на третирањето на маршал Тито како ’измамник’“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
да помафташ со мртва кокошка (над нешто) - ритуален последен обид да се поправи софтвер или хардвер што не работи, пред конечно да дигнеш раце од работата
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
А на крајот, пред да го направи својот последен обид со влакното, видов во неговото лице израз кој како да не припаѓаше таму.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Кога пропадна и последниот обид да бидам конечна жртва на враќањето, во одиозната и незамислива игра на линијата на границата беа вклучени и припадници од семејството, Боg знае под каква цена, превладеаја силите, инстинктот на животот над силите на смрtта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Везирот почна и го прочита докрај писмото. – Стој – викна султанот кога ги слушна последните зборови дека слугата што го донесол писмото е еден од оние што се спасиле при последниот обид да се фатат разбојниците, и го праша везирот: – Каде е тој наш слуга што го донесе писмово?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
ЛУКОВ: (Се воздржува, ги прави последните обиди да изгледа спокоен.) Туку што не дошол. Ќе сети по миризмата.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ене го како си ја чува сенката
во последниот обид да се спаси.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Односот на директорите по ова прашање е веќе виден.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Слично како и во случајот со неисплатените седум плати, тие ја уверува дека тоа набрзо ќе се случи, односно дека во најбрз можен рок таа ќе ги добие и заостанатите плати и неисплатените испратнини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, овој пат таа им дава до зна- ење на нејзините поранешни директори дека ова е последен обид и дека ако и сега ја изиграат – проблемот ќе го реши по судски пат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Последниот обид или последното противење на ова нарушување на личниот интегритет го направив на постојката во Чаир но човекот толку страшно ме погледна и толку силно ми ги зари ноктите в рака што не можев ни да мрднам.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)