А под „работен однос“ се смета само времето поминато во работен однос кај ист работодавач, како и времето кај претходниот работодавач – на кој, поради настаната статусна про- мена, правен следбеник е последниот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
ДОО како последен работодавач во конкретниот случај, а не НУЦК, е всушност оној кој треба да биде тужен [т.н. приговор за res inter alios acta].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Откако дознаваат за ова, раководните структури во НУЦК, исто како и претходно, остануваат сосем рамнодушни но, во одговорот на тужбата, тие се повикуваат на тоа дека немаат пасивна легитимација т.е. не можат да бидат тужени,8 затоа што Министерството за култура како потписник на договорот за закуп или, пак, трговското друштво С. Р. С. ДОО како последен работодавач во конкретниот случај, а не НУЦК, е всушност оној кој треба да биде тужен [т.н. приговор за res inter alios acta].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
7. Со носењето на законите за работни односи и нивните перманентни рогации во време на транзицијата, со полно право може да се констатира дека најдрастични и, се чини, најмалициозни и систематски, скратувања на правата на работниците имаше кај оние кои, по сила на околностите, останаа „технолошки вишок“ (целиот законски назив кај овие непопуларни, колективни и масовни отпуштања од работа е отказ од деловни причини заради технолошки, економски, организациони и/или слични промени поради кои престанува потребата од вршење на определена работа) – при што треба да се истакне дека станува збор за доста важно прашање, особено за македонски прилики.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За спорот никогаш не се обрати, ниту пак побара помош од правната служба на СОНК. 64 Бидејќи неговите писма и барања упорно беа игнорирани – Митревски, во текот на месец јануари 2007, конечно покренува судски спор за враќање на работа пред надлежениот Основен суд – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„Хранарината“ може да изнесува најмногу до 20% од просечната нето-плата по работник исплатена во претходната година, а „патарината“ се исплаќа во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај (чл. 113, ст.4-5 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)