Таа убаво се сеќаваше на последниот распоред на книгите во библиотеката, кога Татко реши да ги следи јагулите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
По исчезнувањето на Татко, библиотеката беше будно, како вистинска татковина, вардена од Мајка која се грижеше да го сочува последниот распоред во неа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Со енергијата што му преостануваше, ги читаше своите книги, според последниот распоред што си го беше замислил за до крајот од животот, а за кој никој не знаеше, освен Мајка.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Татко имал сила уште само да ја замоли да врати некои позајмени книги од негови пријатели, други да подари, но да му остане верна, колку што е можно подолго, на последниот распоред на неговите книги.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Додека беше жива, Мајка сама го вардеше последниот распоред на Татковите книги, како негово свето присуство низ кое не престануваа неговите пораки.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Беше свесна за значењето на последниот распоред на неговите книги за, на крајот, тој да го открие сиџилот-мост кој, дури и отаде животот, требаше да го исполни аманетот на неговата мајка, тој да ја поврзе со нејзините, на далечниот пат кон Исток, или, конечно, да си ја запре душата таму каде што пресудила судбината.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во еден период се обидував, колку-годе, да се доближам до последниот распоред на Татковите книги.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)