По донесувањето на пресудата, следуваше иницирање на второстепена жалбена постапка од страна на тужениот работодавач кој го изгуби спорот – па предметот отиде во Апелационен суд – Скопје каде што тужителите „паднаа“ т.е. го изгубија спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Врховниот суд на РМ е надлежен: 1) да решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; 2) да решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови; 3) да решава по вонредни правни лекови против правосилните одлуки 138 на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; 4) да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежност меѓу апелациони судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд, судир на надлежност меѓу Вишиот управен суд и друг суд и да решава за пренесување на месна надлежност кај овие судови; 5) да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во РМ, во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и тргнувајќи од судската пракса на ЕСЧП; и 6) да врши други работи определени со закон (чл. 35, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Седиштето на Врховниот суд е во Скопје (чл. 26, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
7 Во декември 2010, Врховниот суд (во совет составен од судиите: С. Алиу – претседател, К. Здравев, В. Атанасов, д-р М. Ристова и С. Трајчовска – членови на советот), одлучувајќи по ревизијата на Ѓорѓиевски, донесе пресуда во трет и последен степен, со која ревизијата беше усвоена, а пресудите на првостепениот и второстепениот суд, преиначени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Како реакција на ова, тие покренаа ревизија пред Врховниот суд на РМ,5 како вонреден правен лек и конечно – дури во трет и последен степен, успеаја да го добијат спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Како последица на ова, Ѓорѓиевски ги плаќа првостепените наведени парнични трошоци, како и трошоците за поднесување на жалбата пред Апелациониот суд, во дополнителен износ од 8.250 МКД, но веднаш потоа покренува постапка за ревизија, како вонреден правен лек, против второстепената, веќе правосилна пресуда на Апелациониот суд – Битола, пред Врховниот суд на РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)