Мајките, задоволни што им спијат децата, подготвуваа јадење од последните трошки во своите торби.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мајка веќе беше во кујната. Трагаше по последните трошки брашно, за да ги помеша со триците.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Без Бургиба Картагина умираше повторно пред рамнодушната на нејзините жители.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таткото на нацијата долго време живееше во својата палата во лажен сојуз со вечноста, меѓу животот кој беше подреден на неговото продолжување во смртта, далеку од верноста кон некаква трансцендентна илузија, туку повеќе свртена кон последните трошки од животот, како да ја доврши својата фараонска пирамида, искачен на нејзиниот врв.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Да се затворат очите, да се искорне во себе макар и последната трошка покорност и да се...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)