Чикатило (заедно со George Bush) не само што му зададе последен удар на комунизмот, туку внесе нов, политички аспект во софистицираната американска канибалистика на „тивките јагненца“ и „американските психопати“.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Болеста како ловец веќе го имаше пленот во своите канџи и само таа одлучуваше кога ќе го зададе последниот удар.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Знаеше дека можеше да ги нокаутира веднаш, но момент за задавање на последниот удар, го одложуваше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Меѓутоа, Груев, помирен со идејата за скорешно востание и решен уште тука, во Солун, да дејствува во таа насока, барал од Мечето атентатите да се одложат за по востанието и да дојдат како последен удар врз Европа.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа беше неговата последна лекарска печалба, не и последен удар со нож.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Особено голем публицитет во јавноста на САД предизвикало првото интервју на Јосип Броз Тито дадено на д-р Стојан Прибичевиќ и на Џон Талбот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Со сојузничка помош и наоружување ние можеме да создадеме војска од 700 -800.000 војници, кои заедно со сојузниците ќе му го зададат последниот удар на германскиот фашистички окупатор".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Со бес во утробата што му се крева до повраќање, и со метеж во мозокот што не знае каде му е главата, Баге се метка по улиците на градот како билјардска топка под последен удар.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Конечно стигнуваат до излезот од тврдината која го оградува градот, портата се отвора, чуварите ги задаваат последните удари со камшици, и извикуваат: “А сега – на слобода!,” и ги пуштаат да излезат низ портата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И тие истрчуваат, не знаејќи дека зад нив ќе се затворат градските порти а тие ќе останат отаде тврдината, не знаејќи дека тоа е начинот на кој градовите, на секои неколку години, ги изгонуваат лудите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)