Инаку што можеше друго да значи нивниот последен ден во селото, последната нивна средба.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Или ова ќе е последно нивно видување, збогување, што ли?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И не ли оној врховник на мајките (коишто „за среќа не се ниту Србинки ниту Еврејки”) на еден мировен (!) митинг им порача дека до последниот нивен син ќе се бори за „секоја педа хрватска земја”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Слугава по кого го праќам писмово е еден од спасените наши луѓе во последниот нивен злостор и тој може да ви раскаже потенко за оваа работа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Остана само Мајка да самува среде татковите книги, за да го доварди последниот нивни редослед, оставен како аманет да се дочува што подолго.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Оти последен нивниот вагон, назад нема ништо друго освен безброј шини што се собираат таму на крајот само во две, а ваму, нагоре, на кај главата на возот, луѓето веќе се раздвижиле и ги растоваруваат бовчите, вреќите и другите нешта што ги напикале во вагоните.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)