Ангажманот за јавните интереси, за повредените права и потиснати вистини; критички рефлексивната дистанца во однос на сопствениот идентитет, културното наследство и општествените институции; емфатичната вера во јавноста сензибилизирана за рационална аргументација; перформативното произведување на таа јавност низ актот на јавна употреба на сопствениот ум; принципиелното поттикнување на културата на разлики; отвореноста кон феномените на масовната култура, како и постојаното доведување во прашање на сопствената елитна позиција; одговорноста за демократскиот развој на општеството во целина ... тие и ним блиските особини не се наследуваат по никаква законитост од она што се нарекува хрватска културна и политичка традиција.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)