Бројот на уметниците кои низ историјата сѐ до денес, повремено или постојано земале вештачки поттикнувачки средства поради стимулирање на креативноста е голем, а нивните искуства се многу значајни.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
За жал, сфаќајќи ја краткотрајноста и безначајноста на своето биолошко постоење, човекот- творец, често нетрпелив во своите настојувања да ги дочека плодовите на своите вдахновенија некаде во иднината, се обидува да го забрза своето уметничко созревање и раѓањето на своето дело, неретко користејќи и вештачки поттикнувачки средства. 142 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сепак, интересен е обидот да се одговори на прашањето зошто во поново време експериментите со вештачки поттикнувачки средства најпрво ги започнуваат творците во уметноста.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Исто така, со оглед на различните пристапи како на естетичарите на рок и поп музиката, така и на психолозите кои првенствено се заинтересирани за психичките процеси вклучени во компонирањето и изведувањето на оваа музика, сѐ уште е тешко да се одговори на прашањето дали рок музиката е хемиски индуцирана, со директното влијание на хемиски потентните материи врз невронската активност на мозокот или, пак, е автентично човечка творба само поттикната со хемиски материи, додека сиот понатамошен процес се одвива според сите законитости на оригиналната творечка активност, карактеристична за творци кои не користат вештачки поттикнувачки средства.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)