Впрочем, и не беше неоправдано
на потчинетите да им се обраќаме
со јазик што не го разбираат
јазик без ’рскавица
без срце, без папок
при секакви прилики
што ја земавме истата нула
истиот обрач
го растегавме како сува кора на стварноста
и додека пукаше, секогаш рапаво
се грозевме и едните и другите:
народот, од што беше чувствителен
ние, од што нè обземаше страв и
претерана волја да биде по наше.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)