Енди Ворхол беше еден   од првите што снажно и иронично ја поцрта   врската меѓу поп(уларното) и арт(ифициелното),   а потоа и ја уништи, демократизирајќи го   високоумното Дишаново “животот е уметност”,   овозможувајќи му многу поширока достапност   (токму како што ѝ прилега на Америка!),   но притоа задржувајќи ги сите напластени   одеци и во банализирањето само влечејќи ги   контурите на една инаква културна клима, на   еден друг духовен сензибилитет кој и денес сѐ   уште го фаќа својот залет кон некои прилично   магловити цели.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 10“
              
              (1997)